Достапни линкови

Средба Димитров – Шенон: поддршка на САД за Македонија


Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров

Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров пред почетокот на Генералната дебата на 72-то Генерално собрание на ОН оствари билатерална средба со потсекретарот за политички прашања во Стејт департмент, Томас Шенон. Министерството за надворешни работи соопшти дека на средбата потсекретарот Шенон го потенцирал задоволството на САД од партнерството со Република Македонија и подготвеноста да продолжат со поддршката за реализација на македонските стратешки цели. Тој изразил интерес и за билатералните односи со соседите, како и задоволство од позитивните исчекори во тој правец.

XS
SM
MD
LG