Достапни линкови

Денеска почнува генералната дебата во ОН


Генералното собрание на Обединетите нации - архивска снимка

Лидери од целиот свет денеска во Њујорк ја почнуваат генералната дебата на 72 заседание на Генералното собрание на Обединетите нации. Дебатата ќе ја отвори генералниот секретар Антонио Гутереш по што, по традиција зборуваат претседателите на Бразил и на Соединетите држави. Бразил е меѓу првите, бидејќи во првите години на ОН претставникот на оваа земја секогаш прв се пријавувал да говори, а потоа тоа стана традиција. Говорите на лидерите би требало да траат по 15 минути, но тоа не строго правило. Рекордот го држи поранешниот кубански лидер Фидел Кастро кој во 1969 година говорел 4 часа и 29 минути.

XS
SM
MD
LG