Достапни линкови

СЗО предупреди на најсмртоносните болести


илустрација

Светската здравствена организација предупреди на незаразните болести кои се најголема причина за смртноста во светот. Во документот се наведува дека е неопходна итна акција за справување со проблемот. Незаразните болести секоја година убиваат 40 милиони луѓе, од кои 15 милиони се на возраст од 30 до 70 години. Над 80 насто од нив спаѓаат во категоријата „предвремени“. Најголем број животи однесуваат кардиваскуларните болести, скоро 18 милиони годишно, по што следи ракот со околу 9 милиони.

XS
SM
MD
LG