Достапни линкови

Харадинај: сегашната верзија за демаркација на границата со Црна Гора е неприфатлива


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај уште еднаш повтори дека актуелната верзија на Договорот за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора е неприфалива. Според него, актуелната верзија ќе пропадне, а потоа ќе „остане на Црна Гора доколку сака повторно да преговара за договор со Косово за обележување на границата“. На 10 септември, ден по изборот на неговата Влада, Харадинај ги разреши Комисијата за демаркација на гранциата и нејзиниот претседател Мурат Меха, со образложение дека им истекол мандатот. Претседателот на црногорската Комисија за обележување на гранцата со Косово, Милан Пауновиќ, деновиве изјави дека очекува ова прашање да биде заокружено според веќе постигнатиот договор меѓу двете страни.

XS
SM
MD
LG