Достапни линкови

ОН: Во Иран неправедно се затворени двајца Американци


Сиамак Намази и неговиот 81-годишен татко Бакер Намази

Групата за човекови права на Обединетите нации го повика Иран веднаш да ги ослободи двајцата Американци со иранско потекло Сиамак Намази и неговиот 81-годишен татко Бакер Намази, опишувајќи го нивното затворање како кршење на меѓународното право. Двајцата издржуваат казна затвор од 10 години за шпионажа.

Сиамак Намази, бизнисмен со седиште во Дубаи, кој се залагаше за подобри врски меѓу Иран и САД, е во ирански притвор од октомври 2015. Бакер Намази, пензиониран претставник на УНИЦЕФ, беше уапсен во февруари по патувањето во Иран за да побара ослободување на неговиот син. Минатиот месец тие ја загубија жалбата што ја поднесоа во врска со обвинувањата за "соработка со непријателска влада" на САД. Работната група на ОН во својот извештај ги отфрли случаите против Намазис, велејќи дека тоа е дел од " образец кој вклучува произволно лишување од слобода на двојни државјани".

XS
SM
MD
LG