Достапни линкови

Девет години затвор за критички новинар во Азербејџан


Новинарот Елчин Исмаили

Судот во Азербејџан осуди новинар, познат по критиките против власта, на девет години затвор. Неговиот адвокат вели дека процесот бил политички мотивиран.

Судот за сериозни кривични дела во градот Шаки на северот на земјата денеска пресуди дека Елчин Исмаили е виновен за изнуда и злоупотреба на службената должност и го осуди на девет години затвор.

Тој беше уапсен во февруари откако претставник на Одделот за култура и туризам го обвини дека се обидел да изнуди пари од него. Исмаили ги негира обвинувањата. Неговиот адвокат тврди дека случајот е политички мотивиран и оти новинарот не може да биде обвинет за злоупотреба на службената должност затоа што нема функција.

Западните влади и меѓународните организации за човекови права тврдат дека владата на претседателот Илхам Алиев, во обид да ја задржи моќта, постојано прогонува независни медиуми, новинари, опозиционери и активисти.

XS
SM
MD
LG