Достапни линкови

Во Њујорк средба меѓу Тилерсон и Лавров


Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, Вашингтон, 10.05.2017.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров се сретнале во Њујорк пред отворањето на Генералното собрание на Обединетите нации. Според руската државна агенција ТАСС, средбата траела околу 50 минути и била одржана зад затворена врата. До состанокот доаѓа во момент кога Тилерсон односите меѓу двете земји ги оцени за најлоши по Студената војна. САД имаат воведено санкции врз Русија поради руското мешање во претседателските избори лани и руските активности во источна Украина. Рускиот претседател Владимир Путин нема да учествува на Генералното собрание, додека американскиот претседател Доналд Трамп е предвидено да му се обрати на Собранието на 19 септември.

XS
SM
MD
LG