Достапни линкови

Светски лидери на Генералното собрание на ОН


седиштето на ООН во Њујорк

Светски лидери од денеска престојуваат во Њујорк на годишното заседание на Генералното собрание на Обединетите нации. Претходно американскиот претседател Доналд Трамп ќе одржи состанок за реформите на Светската организација. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави деновиве дека на Генералното собрание ќе му достави извештаи со предлози за подобра работа на ОН и за координација меѓу агенциите на Светската организација. Меѓу главните теми на Генералното собрание ќе бидат нуклеарната програма на Северна Кореја и ситуацијата во Мјанмар од каде што во Бангладеш побегнале над 400 илјади припадници на муслиманското малцинство Рохинџа.

XS
SM
MD
LG