Достапни линкови

Осум лица загинаа, а над 60 се повредени во невреме во Романија


илустрација

Осум лица загинаа, а над 60 се повредени во бура, која вчера го зафати западниот дел на Романија. Жртви има во градовите Тимишоара, Бузиаш, Арад и Бистрица-Несевд. Повредените се хоспитализирани. Поројниот дожд и ветровите со брзина од над 100 километрина час предизвикаа прекин на електричната енергија, блокираа патишта и корнеа дрвја. Невремето нанесе големи штети и во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

XS
SM
MD
LG