Достапни линкови

Турција ќе ја исфрли еволуцијата од наставата по биологија


Турција планира исфрлање на еволуцијата од наставата по биологија Турските ученици годинава за последен пат на часовите по биологија ќе учат за еволуцијата, која од наредната година ќе биде исфрлена од учебниците.

Министерот за образование Исмет Јилмаз рече дека новата наставна програма ќе биде „заснована на вредностите“ и дека ќе се учат еволуциските механизми како природната селекција, но дека самата еволуција е премногу напредна за средните училишта и нема да се предава пред факултет.

Најавените измени предизвикаа негодувања, а критичарите сметаат дека тоа е обликување на образованието во согласност со конзервативната и происламска линија на владата. Некои биолози тврдат дека измените ќе ги направат турските ученици неспособни да ја разберат и најосновната наука. Турција најави опсежна промена на наставните програми во повеќе од 170 области, која предвидува и бришење на сите референци кон Чарлс Дарвин и еволуцијата.

XS
SM
MD
LG