Достапни линкови

Експлозија на бомба на пазар во Авганистан


Архивска фотографија: Бомбашки напад во Хост

Најмалку четворица цивили загинаа, а 14 се повредени во експлозија на бомба во провинцијата Хост во источен Авганистан, информираат локалните власти. Експлозијата се случила околу пладне на пазар во Хост, главен град на провинцијата. Локалната полиција соопшти дека бомбата била далечински активирана. Дел од повредените се во критична состојба.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но провинцијата на границата со Пакистан е мета на талибански напади.

Во американската инвазија по нападите од 11 септември, талибанците во Авганистан, кои им пружаа засолниште на терористите од Ал Каеда, беа соборени од власт, но владата има тешкотии да ја задржи контролата врз земјата откако најголемиот дел од силите на НАТО се повлекоа од Авганистан во 2014 година. Талибанците сега контролираат околу 40 отсто од територијата на Авганистан, а владините сили се борат и со локални милиции поврзани со Исламската држава.

XS
SM
MD
LG