Достапни линкови

Заев ќе присуствува на Генералното собрание на ОН


Премиерот Заев и министерот Димитров.

Премиерот Зоран Заев, од 17 до 23 септември, ќе присуствува на Генералната дебата на Генералното Собрание на Обединетите нации, кое оваа година се одржува по 72 пат, во седиштето на ОН во Њујорк, САД, соопшти владината прес служба. Премиерот Заев, за време на оваа работна посета на ОН и на САД, ќе биде придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров и министерот без ресор, задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми.

За време на Генералното Собрание на ОН, премиерот, според агендата, ќе има работна средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, а ќе има и повеќе други билатерални средби со високи политичари. И министрите Димитров и Адеми имаат закажано повеќе средби и учество на дискусии.

Во рамките на посетата на Њујорк, владината делегација ќе се сретне и со претставници на дијаспората.

XS
SM
MD
LG