Достапни линкови

Уапсен и втор осомничен за нападот во метрото во Лондон


Полиција во близина на метро станицата каде се случи нападот.

Полицијата во Велика Британија соопшти дека уапсиле уште еден човек во врска со бомбашкиот напад во лондонското метро. Во нападот во петокот беа повредени 29 луѓе. Од полицијата денеска соопштија дека уапсиле 21 годишен маж, кој не е идентификуван. Човекот бил уапсен во западен Лондон, кон крајот на 16 септември. Претходно полицијата уапси 18 годишно момче, по што следуваше претрес и евакуација на населението во населба во малиот град Санбери во јужна Англија.

XS
SM
MD
LG