Достапни линкови

Ирак и Турција против рефередумот за независност на Ирачки Курдистан


Курдски знамиња на настанот на кој се повикуваат луѓето да гласаат на референдумот на 25 септември.

Турските и ирачките власти се противат на одлуката на ирачките курди да одржат референдум за назависност. Ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади вели курдските водачи се играат со оган и рече дека Багдад е подготвен да интервенира со сила ако дојде до насилство поради гласањето.

Турскиот премиер Бинали Јилдерим изјави дека референдумот за независност на Ирачки Курдистан е закана за националната безбедност на Турција.

Парламентот на автономниот ирачки регион вчера го одобри планот за спроведување на референдумот за независност, закажан за 25 септември, пренебрегнувајќи ги отпорот на ирачките централни власти, на Иран и на Турција, како и стравувањата на САД и западните држави дека гласањето ќе доведе до нови конфликти во регионот и ќе го сврти вниманието од борбата против Исламска држава.

XS
SM
MD
LG