Достапни линкови

Временска прогноза – многу топло


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со над просечни дневни температури за овој период. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, а во западните делови повремено ќе засилува. УВ индексот ќе има вредност 6.

Дневната температура ќе се движи од 28 до 36 степени.

Во Скопје дневната температура ќе достигне до 34 степени.

Во понеделник над просечно топло ќе биде кон југот и истокот од земјата. Во среда и четврток ќе има зголемена облачност со појава на повремен дожд, претежно во западните делови, ќе дува повремено засилен ветер, а температурите значително ќе опаднат.

XS
SM
MD
LG