Достапни линкови

Полицијата продолжува со истрагата за нападот во метрото во Лондон


Полицијата во Велика Британија соопшти дека евакуирале станари во една област во близина на Лондон и дека извршиле претрес на имот, откако уапсиле 18 годишен маж, осомничен дека е поврзан со бомбашкиот напад во лондонското метро. При вчерашниот напад беа повредени 29 луѓе. Полицијата соопшти дека луѓето биле евакуирани како мерка на претпазливост.

Претходно полицијата соопшти дека е уапсен осомничен за нападот, но не кажаа дали трагаат по други осомничени. Во Велика Британија е прогласено највисоко ниво на предупредување за тероризам.

XS
SM
MD
LG