Достапни линкови

Германија ќе ги заостри економските односи со Турција


Германската канцеларка Ангела Меркел.

Германија нема да има друг избор освен да ги заостри економските односи со Турција за да ја натера да ги ослободи германските државјани, кои се затворени во оваа земја од политички причини, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

„Ќе мораме дополнително да ја намалиме економската соработка со Турција и да ги проучиме проектите“, истана германската канцеларка во интервју за дневниот весник „Пасауер ноје пресе“, пренесоа британските медиуми.

Германските претставници се гневни бидејќи Турција уапси десетина германски државјани од, како што се наведува, политички причини.

.

XS
SM
MD
LG