Достапни линкови

Владата донесе декларација за фер и слободни избори


Во пресрет на Локалните избори 2017 година, Владата донесе декларација за заложби за слободни и фер избори,инфомираат од владината служба за комуникација. На владина седница е усвоено и Упаство за начинот на постапување на министерствата, другите органи на државната управа и управните организации, како и Упатство за забрана за користење на движни и недвижни ствари во државна сопственост за време на изборен процес.

Владата ги повикува сите органи на државнта управа да ги преземат сите неопходни законски мерки, како и политички и институционални чекори за да го гарантираат неприкосновеното избирачко право на секој граѓанин. Исто така, властите повикуваат доколку вработените во државните институции трпат притисок да пријава.

XS
SM
MD
LG