Достапни линкови

Повторно отворен нападнатиот граничен премин меѓу Пакистан и Авганистан


Архивска фотографија: Граничниот премин Торхам

Пакистанските власти повторно го отворија граничниот премин Торхам на границата со Авганистан, еден ден по нападот со граната во кој беа повредени петнаесетина луѓе. Преминот беше отворен денеска, откако вчера беа ранети осуммина војници и едно дете на пакистанска страна и седуммина луѓе на авганистанската страна од границата, кога непознат човек што дојде од авганистанска страна активираше граната.

Стотици луѓе претходно беа заглавени на границата, меѓу кои и такви на коишто им беше потребна медицинска помош. Безбедносни претставници од двете земји денеска разговараа за нападот и за начните како да се подобри безбедноста на границата. Надлежните ја објавија снимката од нападот.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG