Достапни линкови

Уапсени 74 лица во Истанбул поради поврзаност со ИД


Полицаец пред аеродромот во Истанбул по терористичките напади на 29 јуни 2016

Турската полиција соопшти дека во Истанбул уапсила 74 лица, од кои 73 се странци, под сомнеж за поврзаност со Исламската држава (ИД).

Како што јави агенцијата Анадолија, по извршениот распит уапсените странци ќе бидат депортирани од Турција, додека турскиот државјанин ќе биде задржан во притовор.

Во полициското соопштение не е наведена националноста на уапсените странски државјани.

Под сомнеж за поврзаност со ИД, досега во Турција се уапсени неколку илајди лица.

XS
SM
MD
LG