Достапни линкови

Ирачка офанзива за да ја осигура границата со Сирија


Архивска фотографија - Ирачка војска во близина на Мосул.

Ирачката војска започна офанзива за повторно да го преземе Акашат, клучниот град на границата со Сирија од борците на екстремистичката организација Исламската држава (ИД).

Портпаролот на ирачката војска денеска соопшти дека силите се движат кон градот Акашат, како дел од напорите на владата да ја поврати контролата над својата граница.

Милитантите на Исламската држава ја ставија таа област под своја контрола во 2014 и се уште контролираат неколку стратешки градови долж границата. Ирак постигна значителни победи против милитантите на ИД во последниве неколку месеци. Во јули, владата ја поврати контролата на градот Мосул, а во август на градот Тел Афар.

Милитантите се уште го контролираат Хаџа, во провинцијата Киркук која е богата со нафта, и делови од провинцијата Анбар.

XS
SM
MD
LG