Достапни линкови

Временска прогноза – сончево и топло


Времето денеска ќе биде сончево и топло, со над просечни дневни температури. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. УВ индексот ќе има вредност 6.

Дневната температура ќе се движи од 28 до 35 степени.

Во Скопје температурата ќе достигне до 33.

За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, така што дневните температури насекаде ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Од понеделник ќе има извесно зголемување на облачноста, а в среда ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува засилен северен ветер што ќе придонесе позначителен пад на температурата.

XS
SM
MD
LG