Достапни линкови

Потрага по одговорните за пожарот во метрото во Лондон


Полиција на местото на настанот во Лондон

Градоначалникот на Лондон Садик Кан изјави дека во тек е потрагата по одговорните за пожарот предизвикан од импровизирана експлозивна направа на метро станица во градот. Според него, во потрагата е вклучена полицијата, стотици детективи поддржани од разузнавачките служби. Во пожарот повредени се 22 лица. Никој од повредените кои се хоспитализирани, како што наведува полицијата, не е во сериозна состојба и нема жртви.

Полицијата случајот го истражува како терористички инцидент. Пожарот изби во воз на метро станицата Парсонс Грин во југозападниот дел на Лондон. Британскиот премиер Тереза Меј изјави дека ќе свика средба на Советот за национална безбедност.


XS
SM
MD
LG