Достапни линкови

Постигнат договор за зони на деескалација во Сирија


Напад врз згради во Сирија. Архивска фотографија.

Преговарачите од трите земји кои ги поддржуваат мировните преговори за Сирија кои се одржуваат во Астана, Казахстан соопштија дека постигнале договор за воспоставување на зони на деескалација во земјата на шест месеци. Преговарачите од Русија, Турција и Иран во заедничко соопштение посочија дека зоните ќе вклучуваат делови од Дамаск, покраините Идлиб, Хомс, Латакија, Алепо и Хама. Според нив, рокот од шест месеци може да биде продолжен во иднина.

XS
SM
MD
LG