Достапни линкови

Влада: Извештајот на Прибе реална слика за предвизвиците


Рајнхард Прибе

Владата денеска ја поздрави работата на експертската група на Рајнхард Прибе за системски прашања од областа на владеењето на правото и како што е наведено, заклучокот за позитивната промена во политичкиот контекст и согледаната поголема посветеност од страна на институциите за проактивно решавање на политичките предизвици и преземање одговорност.

„Сметаме дека Извештајот на Прибе објавен денеска дава реална слика за системските и долгогодишни предизвици кои оваа Влада ги наследи по преземањето на власта во јуни 2017 година, затекнувајќи „заробена држава““, наведуваат од Владата.

Според соопштението, Владата целосно се согласува со констатацијата дека во периодот од 2015 до 2017 година многу малку работи се подобрени во областите од извештајот, и дека тоа значи многу изгубено време за Македонија. Од Владата посочуваат дека токму за таа цел е изработен и планот 3-6-9 и дека извештајот на Прибе ќе го искористат како насока за негово подобрување.

XS
SM
MD
LG