Достапни линкови

Повредени 22 лица во пожарот во метро во Лондон


Повредено лице од пожарот во метро во Лондон

Во пожарот во метро во Лондон, кој според полицијата, бил предизвикан од импровизирана експлозивна направа повредени се 22 лица. Никој од повредените кои се хоспитализирани, како што наведува полицијата, не е во сериозна состојба и нема жртви. Полицијата случајот го истражува како терористички инцидент. Според полицијата, имало повеќе повредени, вклучувајќи и случаи на луѓе кои имале изгореници на лицето.

Пожарот изби во возот на метро станицата Парсонс Грин во југозападниот дел на Лондон. Британскиот премиер Тереза Меј изјави дека ќе свика средба на Советот за национална безбедност.

XS
SM
MD
LG