Достапни линкови

Путин ќе ги набљудува воените вежби со Белорусија


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин планира да го посети регионот Ленинград на 18 септември за да ги набљудува воените вежби „Запад 2017“ кои земјата ги одржува заедно со Белорусија. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков ја соопшти веста изјавувајќи дека Путин ќе ги набљудува стратешките вежби од командна позиција во регионот Ленинград. Портпаролот на белорускиот претседател Александар Лукашенко негираше дека тој планирал вежбите да ги набљудува од руска територија, но подоцна се премислил.


XS
SM
MD
LG