Достапни линкови

Турција може да се соочи со санкции од САД


Американскиот сенатор Бен Кардин

Водечкиот демократ од Комитетот за надворешни односи во американскиот Сенат, Бен Кардин изјави дека Турција со неодамнешното купување на антиракетен систем од Русија го прекршила законот на САД кој бара спроведување на санкции против Анкара. Кардин го упатил предупредувањето во писмо до администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Според писмото, купувањето на системот кое беше финализирано на 12 септември ги прекршува санкциите на САД против Русија кои стапија на сила во август. Кардин наведува дека законот повикува на санкции врз секоја личност која врши значајна трансакција со рускиот одбранбен или разузнавачки сектор. Се работи за задолжителни санкции, како што е наведено во писмото, кои претставуваат заложба од страна на САД со цел да ја одвратат Русија од напад врз земјата и нејзините сојузници во иднина.



XS
SM
MD
LG