Достапни линкови

Вучиќ: Местото на Западен Балкан е во ЕУ


Српскиот претседател Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ на средбата во Белград со еврокомесарот Јоханес Хан истакнал дека неговата земја смета дека местото на целиот западен Балкан е во ЕУ, бидејќи без вклучување на регионот, заедничкиот економски и политички простор на европскиот континент нема да биде целосен. Тој нагласил и дека полноправното членство во Европската унија е главен надворшно-политички приоритет на Србија.

Како што соопшти Кабинетот на Вучиќ, тој посочил и дека Србија смета оти регионалната соработка на Западен Балкан е основен лост за продолжување на политиката на помирување во регионот и за забрзување на процесот за приклучивање на западнобалканските држави во ЕУ.


XS
SM
MD
LG