Достапни линкови

Истече рокот за кандидатски листи за локалните избори


архивска снимка од локалните избори во Македонија во 2013 година

Рокот за поднесување на кандидатските листи за Локалните избори 2017 заврши синоќа на полноќ. Општинските изборни комисии во рок од 48 часа од приемот на листата на кандидати утврдуваат дали таа е поднесена во соодветниот рок и дали е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик. Потврдените листи на кандидати треба да бидат доставени до Државната изборна комисија по што се утврдува редоследот во единствената листа на кандидати. Според Роковникот за изборни дејствија, жрепката треба да се одржи на 18 септември. Шестите локални избори се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Изборната кампања ќе почне на 25 септември на полноќ и ќе заврши на 13 октомври.

XS
SM
MD
LG