Достапни линкови

Јункер не предвидува „тврд Брегзит“


Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека не предвидува „тврда варијанта“ на излегувањето на Британија од Европската унија, односно истапување на таа земја без спогодба за идниот однос со Унијата. „Не можам да замислам ситуација во која Британија ја напушта ЕУ само со „збогум“ и без договор за иднината“, рече Јункер во изјава за „Јуроњуз“. Наредната рунда преговори за Брегзитот е закажана за 25 овој месец, а Британија би требало да излезе од Унијата во 2019 година.

XS
SM
MD
LG