Достапни линкови

Трамп најави посета на Азија во ноември


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека има намера во ноември да ги посети Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Тој на новинарите во претседателскиот авион им изјави дека ќе учествува на самитот на Азиско пацифичката економска соработка што ќе се одржи во Виетнам. Трамп наведе дека филипинскиот претседател Родриго Дуерте го поканил да учествува и на самитот на АСЕАН на Филипините. Тој не прецизира дали ќе ја прифати оваа покана.

XS
SM
MD
LG