Достапни линкови

САД со повик до Кина и Русија да дејствуваат против Северна Кореја


Северна Кореја земја лансира втора балистичка ракета над Јапонија, 15.09.2017.

Соединетите држави ги повикаа Кина и Русија да преземат директна акција против Северна Кореја откако денеска таа земја лансира втора балистичка ракета над Јапонија. „Кина ја снабдува Северна Кореја со нафта. Русија е најголем работодавач на севернкорејска принудна работа. Кина и Русија мора да ја покажат нивната нетолерантност за вакви безобзирни ракетни лансирања со тоа што ќе преземат нивна акција“, се наведува во соопштението на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон. Министерството за одбрана на Јужна Кореја претходно соопшти дека последната ракета минала околу 3 илјади и 700 километри на максимална височина од 770 километри. Тоа е најдалеку и највисоко што постигнала една севернокорејска ракета.

XS
SM
MD
LG