Достапни линкови

Шекеринска:Нашата стабилност е дел и на стабилноста на НАТО


Архивска фотографија-министерката за одбрана Радмила Шекеринска на прославата на воздухопловната бригада при АРМ

Според сите информации,дебатата во рамки на Алијансата околу политиката за отворени врати, сериозно ќе биде почната кон крајот на годината, а во првата половина на 2018 година ќе се има претстава кој е ставот на членките на НАТО, не на прашањето за Македонија, туку генерално на политиката на отворени врати, рече денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

"Многу е важно како држава да лобираме кај сите дека НАТО не смее да ги затвори вратите. Дека тоа ќе се одрази негативно, не само за Македонија, туки во стабилноста на регионот и Европа. Затоа целта не е да одиме таму и да кажеме помогнете ни. Целта е да ги убедиме деканашата стабилност е дел и на нивната стабилност и дека можат да се потпрат на нас", рече Шеќеринска.

XS
SM
MD
LG