Достапни линкови

Руски подморници испукаа крстосувачки ракети врз цели на ИД во Сирија


Руски подморници во Средоземното море испукаа крстосувачки ракети врз цели на Исламска држава во Сирија,14.09.2017

Руското министерство за одбрана соопшти дека две руски подморници во источните води на Средоземното море испукале крстосувачки ракети на цели на Исламска држава во Сирија.

Во соопштението се наведува дека вкупно седум крстосувачки ракети биле испукани денеска на командни и комуникациски точки и на магацини за оружје во областите контролирани од Исламска држава во југоисточниот град Деир ал-Зор.

Нападот доаѓа ден откако конвој автобуси со околу 200 борци од таа милитантна група стигна во Деир-ал Зор и тоа преку „сигурен премин“ кој беше договорен меѓу Хезболах кого го поддржува Иран и сириската влада.Деир ал-Зор е последното големо упориште на Исламска држава во Сирија.

XS
SM
MD
LG