Достапни линкови

ЛДП го исклучи Жерновски, на избори оди со СДСМ


Архивска фотографија - Андреј Жерновски, поранешен претседал на ЛДП

Либерално-демократската партија синоќа донела одлука на наредните локални избори да биде дел од коалицијата со СДСМ, наведуваат од партијата.Од таму пишуваат дека на синоќешната седница, Централниот Одбор на ЛДП го прифатил договорот за коалиционен настап на наредните локални избори со СДСМ.

„На истата седница, членовите на Централниот Одбор го исклучија од партијата и од сите партиски тела и органи поранешниот претседател, Андреј Жерновски, поради преминувањето во СДСМ. На Жерновски, ЦО на ЛДП му посака среќа и успех во натамошната работа, а на СДСМ им посака овој пат да не им се повтори Стевчо Јакимовски“, се наведува во партиското соопштение.

На седницата, како што информираат бил избран и вториот потпретседател на партијата, Игор Вељаноски, кој досега ги извршувал функциите претседател на градската организација на ЛДП и советник во Советот на Општина Кисела Вода.

XS
SM
MD
LG