Достапни линкови

Висок функционер во руски затвор обвинет за проневера


Архивска фотографија-Олег Коршунов, заменик шеф на рускиот сојузен затвор

Рускиот комитет за истраги го обвини заменикот шеф на сојузниот затвор за проневера на 2,7 милиони долари.
Комитетот денеска соопшти дека Олег Коршунов, кој бил одговорен за склучувањето на договорите за услуги во затворите е обвинет дека склучил два владини договори со многу повисока цена за набавка на гас и храна. Според истрагата сојузниот затвор имал финансиски загуби како резултат на лошите договори. Коршунов беше притворен вчера во јахт клуб во московскиот регион.

XS
SM
MD
LG