Достапни линкови

Димовски испрати писмо до Џафери за законот за јазиците


Деловник на Собрание на Македонија

Собраниската седница на која треба да се дискутира Предлог-законот за употреба на јазиците, уште не почната прекина. Координаторката на една од неколкуте пратенички групи на ВМРО- ДПМНЕ Благица Ласовска на самиот почеток на седницата побара пауза од еден час за координација на пратениците кои имаат обврски со собраниските комисии. По три минутно негодување претседателот на Собранието Талат Џафери се согласи и дозволи пратениците да добијат пауза од еден час.

Во меѓувреме пратеникот Илија Димовски во име на сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ испрати писмо до Џафери во кое остро реагира на, како што вели, прекршување на процедурите поврзани со донесување на законот за употреба на јазиците, кој денеска е на дневен ред во Собранието.

„Во вашата намера побрзо да го донесете законот за употреба на јазиците се прекршени повеќе членови од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија. Законот за употреба на јазиците треба да се разгледува во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците како матично работно тело, а не на Комисијата за европски прашања. Со ваквата постапка го злоупотребивте европското знаеме само со една единствена цел, во многу краток рок да се донесе Законот за употреба на јазиците спротивно на деловничките одредби, праксата и регулативите“, вели Димовски во писмото до Џафери.

Во продолжение вели дека опозицијата е подготвена за дебата која ќе биде во рамки на процедурата и Уставот на Репбулика Македонија, па затоа бараат да се запре процедурата, но да се спроведе јавна дискусија.

XS
SM
MD
LG