Достапни линкови

Пенс: САД и ЕУ ќе работат на евроатлантските амбиции на Западен Балкан


американскиот потпретседател Мајкл Пенс

САД сакаат да соработуваат со Европската унија во остварување на евроатлантските амбиции на земјите од Западен Балкан, изјави синоќа американскиот потпретседател Мајкл Пенс во телефонски разговор со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини. Како што соопшти Белата куќа, во разговорот Пенс нагласил и дека САД планираат сите свои понатамошни активности околу Северна Кореја да ги спроведуваат во координација со ЕУ.

XS
SM
MD
LG