Достапни линкови

ОН го повикаа Мјанмар да преземе мерки против насилството


припадници на муслиманското малцинство Рохинџа бегаат од Мјанмар во Бангладеш, 11.09.2017.

Советот за безбедност на Обединетите нации ги повикаа властите на Мјанмар да преземат итни мерки за прекин на насилствата во таа земја, од каде што заминале околу 380 илјади припадници на муслиманското малцинство Рохинџа. Советот за безбедност изрази длабока загриженост поради настаните во Мјанмар и побара од властите да им дадат хуманитарна помош на сите расселени луѓе. Обединетите нации и невладините организации засега немаат пристап до муслиманското малцинство во Мјанмар, туку само во Бангладеш во кој бегаат поради судирите. Во неколкудневните борби меѓу муслиманските бунтовници и војската на северозападот на Мјанмар загинале 400 луѓе.

XS
SM
MD
LG