Достапни линкови

МНР: Јасна британска поддршка за новата македонска влада


Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров

Дводневната агенда на министерот за надворешни работи Никола Димитров во Лондон резултираше со позитивна порака на поддршка за реформските процеси на Владата, а со потпишување на Заедничката изјава за партнерство и соработка меѓу двете земји Македонија ја потврди својата определба за членство во НАТО и ЕУ, соопшти Министерството за надворешни работи. Министерот Димитров, меѓу другите се сретна со министерот за Европа сер Алан Данкан, членовите на Комитетот за надворешни работи на Горниот дом на Парламентот, како и од лабуристичкиот министер „во сенка“ за одбрана и надворешни работи Фабиан Хамилтон.

XS
SM
MD
LG