Достапни линкови

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на анкетата од „Телма“ и МЦМС


илустрација

Во врска со анкетата која што Телевизија Телма ја објави во соработка со М-Проспект и МЦМС, ВМРО-ДПМНЕ ги повика СДСМ и Зоран Заев да се охрабрат и да излезат и на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе кажат што мислат за, како што се наведува во соопштението, расипничкото и неодговорно владеење на СДС. Само така, како што се додава, ќе се расчистат дилемите, бидејќи беше објавена истата оваа анкета, изработена од истите луѓе пред само еден месец која покажала сосема други резултати. Според Анкетата од крајот на месец јули резултатите од МЦМС покажале дека ВМРО-ДПМНЕ е со стабилна предност пред СДСМ. Инаку, анкетата покажа дека речиси 59 проценти од граѓаните на Македонија се задоволни од работата на Владата во првите 100 дена.

XS
SM
MD
LG