Достапни линкови

Германија депортираше осум Авганистанци


Авганистанските бегалци депортирани од Германија на аеродромот во Кабул. 13.09.2017

Германија депортираше осум мажи од Авганистан на кои им биле одбиени барањта за азил. Тие денеска биле вратени назад во Авганистан. Министерот за внатрешни работи на Баварија Јоким Херман изјави дека лицата биле осудени криминалци и оти најмалку двајца биле осудени по обвиненија за силување.

Претставникот на авганистанското Министерство за бегалци Мохамед Асиф Абаси рече дека меѓу депортираните се најмалку тојца сторители на кривични дела. Депортирањата се први за Германија откако беа запрени летовите за депортации за Авганистан по бомбашкиот напад на 31 мај кој делумно ја уништи германската амбасада во Кабул.

XS
SM
MD
LG