Достапни линкови

Шеќеринска - Македонија го продолжува учеството во мисијата во Авганистан


Архива - Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

Нашата определба за членство на Македонија во НАТО ја докажавме и преку нашето постојано учество во меѓународните мисии, вклучително и мисијата во Авганистан кое го продолжуваме и зголемуваме, а го покажавме и во текот на заедничката вежба со американските воени сили, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска по средбата со командантот на Националната гарда на Вермонт - генерал мајор Стивен Креј, кој е во неколкудневна посета на Македонија.

Таа нагласи дека стратешкото партнерство е искажано и со дела на САД, особено од страна на Националната гарда на Вермонт, при што повеќе од 4.500 војници на АРМ учествувале во заедничките активности.

Креј кој е во шеста посета на Македонија, рече дека стратешкото партнерство што го имаат двете држави е од големо значење за армиите, односно за стекнатите позитивни исксутва.

Тој најави дека за време на посетата во наредните денови ќе разговараат за активностите кои ќе бидат преземани во текот на следните години, за ангажманите на двете армии и за членството на Македонија во НАТО.

XS
SM
MD
LG