Достапни линкови

Спасени 157 мигранти од брод во Црното Море


Илустрација.

Романската крајбрежна стража спаси 157 ирачки и ирански мигранти, меѓу кои и 53 деца, од рѓосан брод што пловел по Црно Море. Бродот пловел во територијалните води на Романија и откако од него бил испратен сигнал, кон него се упатиле два брода на крајбрежната стража. Бродот утринава бил извлечен до пристаништетот Констанца. Силниот ветер и високите бранови ја отежнале спасувачката операција.

XS
SM
MD
LG