Достапни линкови

Германија би можела да ја стави Турција на листата на опасни земји


Германската Влада ја разгледува можноста да ја стави Турција на листата на земји кои во безбедносна смисла се многу ризични за разузнавачките агенти, објавија германските медиуми, повикувајќи се извори во Министерството за надворешни работи. Во овој момент на листата се наоѓаат Кина, Русија, Пакистан, Северна Кореја и уште 26 земји. Најновите медиумски наводи стигнуваат во момент кога односите меѓу двата партнера во НАТО се затегнати, а германските власти се закануваат дека ќе ја ограничат продажбата на оружје за Турција. Анкара смета дека таквиот потег може да ја загрози нивната заедничка борба против милитантите на ИД.

XS
SM
MD
LG