Достапни линкови

Звиздиќ - Муслиманите во БИХ не се терористичка закана за Европа


Претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ

Муслиманите во Босна и Херцеговина не претставуваат терористичка закана за Европа, изјави денеска претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ. Тој вели дека таквите обвинувања биле политички мотивирани и дека може да и ги одвратат инвеститорите и туристите во неговата земја.

Звиздиќ ги отфрли коментарите на некои европски лидери дека муслиманите во Босна отворено покажале поддршка за екстремистичката група Исламска држава.

Тој вели дека досега немало инцидент што може да се карактеризира како акт на тероризам, и дека властите во БиХ работат да спречат какви било инциденти.

Безбедносни агенции во БиХ велат дека 240 лица ја напуштиле земјата за да се борат за групата Исламска држава во текот на изминатите пет години. Од 44-те кои се вратиле, 23 се затворени, велат официјалните претставници.


XS
SM
MD
LG