Достапни линкови

Серија анонимни дојави за поставени бомби во Русија


По серија анонимни дојави за поставени бомби во Русија се евакуирани училишта, трговски центри, театри, универзитети. Властите соопштија дека два дена има дојави за бомби и дека главно станува збор за дојави во Сибир и на Далечниот Исток. Федералната служба за безбедност ги истражува дојавите, но повиците се направени преку интернет и тешко може да се лоцира од каде се направени , велат руските служби.

XS
SM
MD
LG