Достапни линкови

Десетици цивилни жртви од воздушни напади во Сирија


Оштетени згради од воздушните напади во провинција Деир ал Зор.

Сириски активисти за човекови права велат дека во воздушни напади на руските сили во Сирија во изминатите три дена се убиени 69 цивили, а десетици луѓе се повредени. Нападите се извршени во близина на источната провинција Деир ал Зор. Сириска опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, денеска соопшти дека при нападите се погодени цивилните логори на западниот брег на реката Еуфрат, како и траект кој пловел по реката.

Новинската агенција Ројтерс јавува дека иако побарале рекација, засега нема коментар од руското Министерство за одбрана.

Сириската опсерваторија јавува за уште цивилни жртви од воздушни напади, овојпат од авионите на коалициските сили предводени од САД, станува збор за 12 членови на едно семејство. И силите на сирискиот претседател Башар ал Асад поддржани од Русија и коалициските сили кои ги поддржуваат бунтовниците, се наосечени и воздушно ги напаѓаат милитантите на екстремистичката група Исламска држава во провинцијата Дал ел Зур.






XS
SM
MD
LG