Достапни линкови

Спасовски - На Груевски му се доволни шест телохранители


Архивска фотографија

Поранешниот премиер Никола Груевски нема потреба да добие повеќе лица за обезбедување од она што законски е предвидено. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја донел одлуката пред околу еден месец и смета дека нема потреба на дополнителен број лица за обезбедување.

„ Анализирани се сите податоци и со оглед на тоа што неговото актуелно обезбедување од шест лица ниту во еден момент не пријавило за каква било закана кон него и по неговото семејство нема никаква проценка дека треба да биде зголемен бројот на лица коишто би го обезбедувале, изјави Спасовски, одговорајќи на новинарски прашања во врска со барањето на поранешниот премиер Никола Груевски за обезбедување од дополнителни 20 лица.


XS
SM
MD
LG